Тројца нуркачи нападнале кинески инструктор на длабочина од околу 15 метри на Малдивите, при што настанала жестока подводна пресметка. Инструкторот Сјао Ду тврди дека еден од напаѓачите се обидел да му го извади регулаторот за дишење. Бизарниот инцидент бил снимен со камера, а инструкторот успеал да се извлече и да исплива на површината, по што ги обвинил напаѓачите дека се обиделе да го убијат.
Инцидентот се случил на 28 октомври, на нуркачката локација Куда Рах Тила, додека Ду, кој во тој момент не бил на должност, нуркал со пријател. Според неговото сведоштво за локалните медиуми, местото било преполно со нуркачи кога тројца мажи им се приближиле. Еден од нив допливал одоздола и го турнал, а кога се обидел да се оддалечи, го удрил со перките, по што започнала физичката пресметка.
На видеото се гледа како еден нуркач го фаќа инструкторот за раката, додека друг посегнува кон неговото лице, додека Ду се обидува да ги оттргне со нозете. Кинескиот инструктор тврди дека еден од учесниците бил локален водич за нуркање и дека во текот на борбата некој се обидел да му го отстрани регулаторот преку кој дишел под вода. Откако испливал на површината, тој влегол во директна вербална расправија со нив од брод.
„Дојдовте до мене, ме зграпчивте! Се обидовте да ми го земете регулаторот. Се обидовте да ме убиете под вода, тројцата! Тројца против еден, тоа е многу грубо!“, им викал Ду.
A Chinese diving instructor says he was attacked by foreign divers 18 meters underwater in the Maldives on October 28.
He claims one diver pushed him, while another attempted to remove his diving mask and breathing regulator.
The instructor plans to report the incident to police. Liveaboard operator Maldives Legend says the case has been referred to authorities for investigation.
#Maldives #ScubaDiving #Diving #China #UnderwaterIncident
— Jiemian Global (@JiemianGlobal) October 30, 2026
Компанијата „Малдивс леџенд флит“, со чиј брод нуркале Ду и неговиот пријател, потврди дека се случил инцидент во кој биле вклучени нејзини гости и водич за нуркање од друг брод, наречен „Инфинити икс“.
„Свесни сме за видео што циркулира на интернет, а кое се однесува на инцидент од 28 октомври 2026 година на локацијата Куда Рах Тила, во кој биле вклучени нуркачи од еден од нашите бродови и водич од друг брод“, соопштија од компанијата.
Оттаму нагласија дека случајот го сфаќаат сериозно и дека го пријавиле кај надлежните органи за покренување истрага, нагласувајќи дека безбедноста во нуркањето отсекогаш била нивен врвен приоритет по сослушувањето на верзијата на настаните од нивните гости.
Директорот за продажба и маркетинг потврди дека по инцидентот бил суспендиран еден од нивните водичи за нуркање. Според првичните информации, конфликтот започнал меѓу водич од друг брод и еден од гостите, по што интервенирал нуркачкиот тим, а раководството најави дека нема да дава дополнителни коментари до завршување на официјалната истрага.
