Најмалку пет луѓе се повредени откако трамвај претпладнево излета од шини во Белград и удри во зграда.

Според првичните информации, шинското возило од засега неутврдени причини ја изгубило контролата на една од раскрсниците и удрило директно во објектот.

„Предниот дел од трамвајот беше целосно смачкан од силата на ударот врз фасадата на зградата. Делови од шофершајбната и прозорците се расфрлани низ целата улица, а тротоарот е покриен со остатоци, урнатини и парчиња бетон што паднале од зградата.“

На терен итно излегле повеќе возила на Брзата помош, полициски патроли и противпожарни екипи кои работат на расчистување на местото и евакуација на патниците.

„Според информациите од терен, во оваа несреќа има повредени лица. Медицинските екипи моментално им пружаат прва помош на повредените патници на асфалтот, по што ќе бидат транспортирани во Итниот центар.“

Поради инцидентот, сообраќајот на аголот од улиците Цар Душан и Книќанинова е во целосен прекин, а полициската истрага треба да ги утврди точните причини за несреќата.