Како што веќе објавивме синоќа имало крвава престрелка каде убиен е син на ексфункционер од ДУИ. Станува збор за убиениот Хебиб Буњаку.

Познати нови сите имиња за пукањето во Чаир. Ранети се Бесник Буњаку, Аритон Дарлишта, а убиениот е Хебиб Буњаку. Убиениот Хебиб и ранетиот Бесник се синови на Екрем Буњаку од ДУИ. Екрем во минатото беше директор на Државната техничка инспекција.

Излезе и видео снимка од ТВ21 која може да ја погледнете во продолжение:

Еве останати детали:

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ: Синот на овој функционер на ДУИ е убиен вчера во Скопје!

МВР потврди дека 35-годишниот Х.Б. од Скопје им подлегнал на повредите здобиени при престрелка што се случила ноќеска во скопската општина Чаир. Оттаму пристигна и известување дека четири лица уапсени под сомнение за учество во престрелката.

Истражните органи работат на целосно утврдување на околностите под кои избувнала престрелката.