Во текот на вчерашниот ден два инциденти со запалени возила во главниот град. Според МВР првиот инцидентот се случил нешто пред 13 часот на булеварот ”Борис Трајковски”, кога на семафорите во населба Пинтија стоеле “рено” и „бе ем ве“ и двете со скопски регистрации.
За тој инцидент нашиот медиум прв објави вчера со ексклузивно видео.
Најпрво се запалило реното управувано од 52-годишен скопјанец, па од него истекол бензин, кој се запалил и потоа било опожарено возилото “бе ем ве”.
Во пожарот кој го изгасна Бригадата за противпожарна заштита, нема повредени лица.
Во вториот инцидент попладнево возило матиз се запали на булеварот Водњанска. Пред очите на бројни минувачи автомобилот беше запален, а нема информации за причините за пожарот.
Благодарение на брзата интервенција на противпожарната служба, пожарот беше изгаснат, а возилото, иако делумно изгорено, остана на местото на инцидентот како сведоштво за немилиот настан.
Инцидентите се запалени автомобили од МВР целосно ги расчистуваат.
Извор: Телма