Според Член 12 став 4 од Законот за заштита на децата јасно е наведено дека се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување, но тоа секако не ја запира власта во злоупотребите и кршење на законите.
Ниту апелот на Агенцијата со мониторинг на изборното медиумско претставување за Локалните избори 2021 година дека емитувањето на политичка програма со малолетници е забрането, не го спречи актуелниот градочалник на Општина Карпош и кандидат за уште еден мандат да сподели видеа во коишто преку учество на деца ја промовира својата кампања.
Богоев не го запре ниту фактот дека согласно Изборниот законик, учесникот во изборната кампања е одговорен за содржината на огласите, соопштенијата, рекламите и другиот снимен материјал чиј нарачател се, не го запреа ниту апелите на „Меѓаши“, да се престане со злоупотребата на деца во политичките кампањи, па во својата кампања го направи токму спротивното – злоупотреби деца за своите цели .
За потсетување секое сликање и снимање пред избори и во тек на изборната кампања, претставува злоупотреба на децата.
Радио Лидер нема да ги сподели видеата, но може сами да погледнете на „Фејсбук“ страната на Стефан Богоев.