Министерството за внатрешни работи информира дека од синоќа, од 22:00 до 04.00 часот е спроведена акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територија на цела држава при што санкционирани се 141 возач. Од нив, 30 се на територијата на СВР Битола, 20 на територијата на СВР Штип.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштениетоод МВР.