Управата за хидрометеоролошки работи издаде жолт метеоаларм за високи температури за целата територија на Македонија во наредните денови. Според најавите, топлотниот бран ќе трае околу десет дена, а температурите во делови од земјата ќе се искачуваат до 41 Целзиусов степен.

Времето утре ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13 степени во Маврово и Крива Паланка, додека највисока дневна температура од 39 степени се очекува во Велес.

Во следните денови се очекува продолжување на периодот со многу високи температури, поради што останува во сила предупредувањето за целата земја.