Дожд и нестабилност од почетокот на неделата

Времето за време на викендот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од понеделник во вечерните часови па сè до среда се очекува нов бран на нестабилно време со врнежи од дожд. Во вторник, според најавите, на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува ветер од северен правец, кој утре и во среда ќе биде засилен, повремено и силен.

Времето денеска и во Скопје

Денеска времето е променливо облачно со сончеви периоди, а во јужните делови има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а максималната температура ќе се движи од 18 до 25 степени.

Во Скопје, времето е променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе достигне до 24 степени Целзиусови.