Како што пренесуваат странските агенции, две лица се приведени во акција кај Ле Авр.
Полицајците го запреле камионот додека излегувал од пристаништето.
Меѓу кутиите со ракчиња од Екватор, пронајдени се 11 вреќи со вкупно 687 килограми кокаин, во вредност од повеќе од 40 милиони евра.
Еден од четворицата осомничени е приведен, а останатите се во бегство.