Според предложениот дневен ред, на седницата, меѓу другото, ќе биде разгледана Информацијата за извршeни преговори за усогласување на Меморандумот за разбирање помеѓу амбасадата на Република Словачка во Република Македонија и Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија за трансфер на знаења за дигитализација на јавната администрација во земјите на Западен Балкан, поднесена од Министерството за информатичко општество и администрација.

Министрите на седницата ќе ја разгледуваат и Информацијата за потпишување на Заедничката декларација од страна на Република Македонија за имплементација на Агендата за Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт, изготвена од Министерството за образование и наука.

За донесените одлуки и заклучоци од редовната 72-ра седница, со почеток во 12:00 часот, која ќе се одржи преку видеоконференциска интернет врска, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.