Претставниците на секторот за организација на настани и денес ги продолжуваат протестите пред Влада од 12 до 15 часот.
Досега никој не нé контактираше ниту пак некој покажа подготвеност за надминување или решавање на ситуацијата. Можеби им се допаѓа музиката која ја пуштаме, па сакаат да продолжиме, велат од ИВАП.
ИВАП е членка на Паневропската Алијанса LiveCom Alliance, во која членуваат речиси сите европски држави, и велат дека тие ќе бидат известени за третманот кон оваа значајна општествена гранка.
Преку Алијансата нашиот апел ќе стигне до Брисел каде ивент индустријата беше препознаена уште минатата година и соодветно помогната, велат од ИВАП.