Според извештајот на БИРН,  Владата со над 250 вработени во Генералниот секретаријат, дополнително лани во декември ангажирала 58 луѓе чиј идентитет го чува во тајност.

Меѓу ангажманите има пишувач на соопштенија од пресови, пишувачи на разни студии, организатор на продукција, советник за борба против ковид-19, графички дизајнер, монтажер, советник за геодезија, советник за европски интеграции и преведувачи.

Владата ја заштитува приватноста на ангажираните под контото 425990 што се води како „други договорни услуги“  и се чини дека оваа ставка е широко сметководствено покритие за под тој назив да се исплаќаат хонорари за разни услуги.

За две години, односно од 2019 до 2020 година, преку ова конто се исплатени над еден милион евра.

Од Владата како одговор зошто не ги објават имињата на оние што се хонорарно ангажирани велат дека во целост се придржуваат до „Стратегијата за транспарентност и до препораките од Греко“.