ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на утринското соопштение на СДСМ и Венко Филипче во врска со одморот на премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи ја опозициската партија за политички напади и создавање поделби.
-Соопштението на СДС и Филипче утрово за семејниот одмор на премиерот Мицкоски е пример за тоа како делува талогот во СДС на ниски страсти и сеење на омраза.
Гостивар вода за пиење ќе има, наспроти стотиците сокриени случаи на загадена вода кога Венко како министер не реагирал и мува не го лазело.
Но кога сме кај одморите чесно е СДС да каже каде е Венко Филипче на одмор?
Под А. Венко е на одмор на јахтата на Зоран Заев купена со украдени пари закотвена на Егејското Море.
Под Б. Венко е на одмор со Вице Заев во Бугарија, патем да извадат украдени пари од РЕК префрлани на фирмата на Колашинац?, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
