Во продолжение интегрален текст од прес-конференцијата:

Но, она што треба да допре до јавноста е фактот дека повторно на два месеци пред локалните избори, Локалната власт и Георгиески пред заминување сакаат да земат кредит од 5 милиони евра за раздолжување, а граѓаните ќе го враќаат идните 10 години. Слично беше и пред последните вонредни локални избори кога беа потрошени дури 9 милиони евра народни пари за истата цел.

Загрижува и фактот наведен во Физибилити студијата дека со близу 300 милиони денари општината ќе се раздолжи и ќе ја одблокира сметката, не се совпаѓа со она што го кажале на јавната расправа, а тоа е дека долгот е 470 милиони денари.

Па така сосем е извесно дека и покрај задолжувањето, Охрид и натаму ќе остане со блокирана сметка. Најпроблематично од сè е тоа што ова се случува непосредно пред локални избори, што фрла сомнеж за начинот и целта за која ќе се потрошат овие суми, кои потоа со години ќе ги враќаат токму граѓаните на Охрид.

Срамно и врв на неспособноста е дека Георгиески и покрај тоа што не направи ниту една капитална инвестиција сега сака да ги задолжи охриѓани за идните 10 години кои ќе треба да вратат со камати близу 8 милиони евра.

Не смееме да дозволиме Георгиески да решава за нашата судбина, Општина Охрид не е негова приватна фирма.

Ги повикуваме советниците без оглед на која политичка партија припаѓаат, особено од власта барем еднаш во нивниот четиригодишен мандат да застанат зад интересите на граѓаните.