Денеска Филипче пак излезе на прес-конференција да објаснува како уставните измени се во интерес на Македонија, и пак се обиде да го релативизира македонскиот идентитет и националните интереси. Филипче јасно кажа дека за него националниот идентитет е застарен концепт, па сега секојдневно го повторува ставот и се врти околу својата замислена оска и си фантазира за премиерска фотелја, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ што ja пренесуваме интегрално.

„Откако распродадоа, историја, позиции, достоинство, сега следно на агендата им е да ги убедуваат граѓаните дека уставните измени се во интерес на Македонија.

Филипче се однесува како проблемот да е во народот, а не во неговите ставови склони кон национални предавства и дали навистина верува дека некој ќе му даде поддршка на човек што ги гази националните интереси“?