-Ковачевски молчеше кога во медиумите беше ословуван како студент од Харвард и му беа правени фотографии како да бил дипломец. Тој се надеваше дека лагата ќе помине. Откако виде дека е уплеткан во лагите, самиот Ковачевски преку соопштение од СДСМ призна дека манипулирал и дека не е студент, стои во соопштнието и се додава:
„Тој дури и на неговиот профил на Линкдин курсот од Харвард го пишува во доменот образование, а не во доменот курсеви или други усовршувања. Ковачевски е претседател на партија и е крајно несериозно да лаже за неговото образование. Ако Ковачевски лаже за сопственото образование тогаш што останува со другите работи?“.