Ковачевски кој е во коалиција со Арсовска за тендери е виновен за хаосот во Скопје.

СДС или се неинформирани од страна на нивниот претседател или мислат дека една лага повторена илјада пати станува вистина. Ковачевски и Арсовска не се веќе ниту во тајна туку во отворена коалиција.

Советниците од СДС ги гласаа финансиските планови на Арсовска за нејзините тендери.Ковачевски има свој директор на чело на ЈСП, кој има фотографии како учествува на состаноци во централниот штаб на СДС.

Ковачевски ги управува и градските претпријатија преку свои директори, Ковачевски заедно со Арсовска е во коалиција за се, само кога има проблеми глуми како да не знае што се случува.