Претседателот Христијан Мицкоски даде предлог за преодна влада без ДУИ, и уставни измени со одложено дејство, откако Македонија ќе стане членка на ЕУ. Ковачевски тој предлог го одби, а сега свикува состанок, велат од ВМРО ДПМНЕ
Во продолжение соопштението
Откако Ковачевски го одби тој предлог, претседателот Мицкоски даде втор предлог, избори, формирање на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, без ДУИ, поддршка за националните прашања од опозицијата, барање на гаранција од европските институции за македонскиот многувековен идентитет, и барање од Бугарија да имплементира 3 пресуди од ЕСЧП. Ковачевски и ова го одби.
Откако Ковачевски виде дека заглави во слепа улица, тој се сврте кон свикување на состаноци.
Предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се единствен излез за Македонија, тие значат и интеграција на државата во ЕУ и зачуван идентитет.