-Ајде што се сети после четири години мандат дека треба брз превоз во Скопје, мрзливиот Шилегов направи превоз каков што доликува на неговиот карактер и неработа, мрзлив превоз. Ова е уште едно сеење магла пред избори. Прво нешто што треба Шилегов да го направи да ги спаси скопјани корона кластерите во автобусите секое утро кои се преполни. Втората работа е да ги искористи студиите кои му се оставени во наследство за решавање на сообраќајниот хаос кој освен додатни средства за превоз, предвидуваат и додатни капитални инфраструктурни проекти какви нема ниту еден Шилегов, велат тие.

Од советничката група додаваат дека за жал ќе се изнаслушаме уште многу глупости и лаги од мрзливиот Шилегов во последната и крајна година од неговиот мандат. За среќа ова се последните месеци од неговиот очаен и слаб мандат.