СДСМ уште еднаш го покажа своето вистинско лице, овој пат во сферата на меѓународната политика, обвини ВМРО-ДПМНЕ во партиско соопштение. Според партијата, СДСМ ја поткопува соработката со САД, а поранешниот претседател Стево Пендаровски со своите изјави дополнително ѝ нанесува штета на државата.

ВМРО-ДПМНЕ ја осудува изјавата на Пендаровски како опасна за Македонија

“Стево Пендаровски уште еднаш покажа дека е само обичен аналитичар, поточно импровизатор и оговарач. По десет месеци откако беше сменет од граѓаните, тој се врати со рекла-кажала муабети, обидувајќи се да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ.” – стои во соопштението на партијата.

Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ ја осудува изјавата на Пендаровски, оценувајќи дека тој открива доверливи информации од дипломатски средби, што, според нив, претставува сериозно кршење на дипломатските правила.

“Пендаровски од СДСМ говореше за содржини од средби со дипломати и за ставови на владините претставници околу националните интереси на Македонија. Ова не е ништо друго освен загрозување на државните позиции.” – нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ ја поткопува соработката со САД со недоследни ставови

Од партијата посочуваат дека СДСМ ја разнишува соработката со САД бидејќи од една страна се претставува како стратешки партнер на Вашингтон, но од друга страна, нејзините членови со своите изјави прават штета на односите меѓу двете земји.

“СДСМ или лажеше дека ја поддржува соработката со САД, или целосно го изгуби политичкиот компас. Наместо да придонесуваат, тие само ѝ одмагаат на Македонија.”

Со ова, ВМРО-ДПМНЕ порачува дека СДСМ и Пендаровски не само што не придонесуваат за државните интереси, туку со неодговорните изјави ја загрозуваат и меѓународната позиција на Македонија.

“Ако СДСМ и Пендаровски не и помагаат на Македонија, барем нека не ѝ одмагаат!” – заклучуваат од партијата.