Оттаму посочуваат дека Зоран Заев е човекот кој што два пати е аболициран, еднаш за „Глобал“, а втор пат преку притисок врз судството за отфрлање на кривичната пријава случајот „Едно евро за Вицето, едно евро за црквата“.

– Зоран Заев е човекот кој беше споменат од Бојан Јовановски – Боки 13 дека кај него и брат му Вице завршила торбата со изрекетирани милиони. Зоран Заев е главата на административниот апарат во чие време се издавале пасоши на 215 светски нарко босови, криминалци, и терористи, додаваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат за какво освежување зборува Заев кога тој е до гуша во криминал?

– А, Шекеринска пред да го напушти бродот што тоне нека каже што бараше со Катица Јанева и Бојан Јовановски – Боки 13 за време кога Бојан Јовановски – Боки 13 рекетираше низ Македонија. Времето минува, но народот нема да заборави, велат од партијата.