Наредната седмица, ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со листа на кандидати за градоначалници за изборите во октомври, соопштија вечерва од партијата.
-ВМРО-ДПМНЕ, во најскоро време, во текот на наредната недела, ќе излезе со официјална листа на имиња за кандидати за градоначалници во најголем дел од општините за наредните локални избори, што ќе се одржат на 17 октомври, информираа од партијата, демантирајќи информации што излегле во јавноста како официјален брифинг од ВМРО-ДПМНЕ за имиња на кандидати за градоначалници.