Со потпис на Груби сопругата на Ковачевски добива државна земја за фотоволтаици, додека за болните нема лекови, а за учениците нема учебници, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Артан Груби му се реваншира на Ковачевски кој го бранеше за бизнисите на брат му Ветон Груби, па наместо него ја потпишува Одлуката на влада за давање државно земјиште за фотоволтаици на неговата сопруга. Ковачевски велеше дека излегол од бизнисот со фотоволтаици, а сега наместо него влегува неговата сопруга, и тоа ни помалку ни повеќе туку со земање на државна земја за изградба на централа. Кога станува збор за интересите на врвот на власта, се се решава експресно. Додека сомнителните активности на власта се како брз воз, ДКСК се однесува како парна локомотива, велат од партијата.