ДУИ и СДС се експерти за потемкини села. Помпезно фрлаат лопати, а после зад себе оставаат само празни ливади. Така беше со спектакуларната фабрика за електрични автомобили, така е и со изградбата на коридорите кои побрзаа да ја почнат, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

„На местото кај што Ковачевски и Груби правеа спектакли три дена после настанот нема ниту работници, ниту багери, ниту градежна механизација. Само една табла и сметка за скапата церемонија. Очигледно преуранетиот настан им требаше да го перат Артан Груби од низата скандали во кои беше фатен, вклучително и тој со изборот на надзорот на изградбата на коридорите, но во исто време овој настан го искористија и да ја дополнат со пари касата на компанијата која е миленчка на ДУИ. Па така со ДУИ и СДС нема пари за учебници, нема пари за лекови, нема пари за поголем стандард, ама затоа има пари за луксузни настани после кои останува едно големо ништо. ДУИ и СДС се олицетворение за наспосбност и криминал. Оваа власт мора поскоро да си замине“, стои во партиското соопштение.