Тој го подигнал пасошот во 2019 откако се фотографирал во македонска полициска станица, тврди Мисајловски.
– Со овој пасош во јанаури полетал од скопскиот аеродром во Турција, а италијанските медиуми објавуваат дека сега е во Маврициус како Вурмо Таќо. Како ниту еден полициски службеник не го забележал тоа? Зошто не се провериле банкарските сметки?, прашува функционерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој вели дека очекува обвинителството да покрене случај во кој ќе испита дали има одговорност во повисоките редови на хиерархијата во МВР.
– Нека каже обвинителството, за тоа добиваат плата, ние сме само коректор на власта кој треба да обзнани афера, а институциите се тие кои треба да реагираат, рече Мисајловски.