– Срамно е СДСМ да се фали со градинки кои ВМРО-ДПМНЕ ги направи. СДСМ поради својата неспособност дури не ни успеа на време да ги доврши, ниту да ги отвори.вПретходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа за помалку од 8 години да изгради 70 градинки низ цела Македонија, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

А, власта и во ек на КОВИД-19 не ги заштити работничките со продолжување на породилното отсуство. А, ниту успеа да го организира процесот на работа во градинките за да се опфатат што поголем број на деца, за да мајките не ја губат својата работа или да се приморани самите да даваат отказ за да ги чуваат своите деца, додаваат од таму.