Стево Пендаровски е индиго препис на претседател, по налог на Ковачевски и Ахмети потпиша измени на КЗ во секунда. Пендаровски ги фрли во корпа сите тези на владеење на право и правна држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Попусто се обидува Пендаровски да глуми дека има некаков став, кога му беа потребни само неколку секунди да ги потпише измените во КЗ. Пендаровски е слободен да има свој став, се додека Ковачевски и Ахмети не му кажат поинаку, од тука можеби и му доаѓа нервозата, која ја разбираме, но не ја оправдуваме.

Дури се сомневаме дека во последно време претпоставува што би биле барањата на Ковачевски и Ахмети, па пробува од прва да го има истиот став.

Пендаровски е тој кој кажа дека бугарскиот диктат е всушност негов, т.е. тој го составил.

Пендаровски цел мандат нема направено ништо добро, но затоа има направено штета која со години ќе треба да се санира, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.