Од партијата посочуваат дека граѓани од прв и од втор ред е ситуацијата во која половина милион луѓе живеат со едвај 150 денари на ден, а функционерите од власта и луѓето околу нив одат на скапи одмори, возат луксузни возила, мотори и јахти.

-Граѓани од прв и втор ред е кога стотици илјади луѓе не може да стигнат до вакцина против КОВИД, не се ниту вакцинирани, додека власта, нејзините семејства и блиски се вакцинираат пред сите други возрасни, хронично болни, мајки, трудници, па не само што се вакцинирани туку и веќе се ревакцинирани. СДСМ создава голем јаз помеѓу луѓето. На поделбите мора да им се стави крај. Привилегирани не смее да има. ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период ќе ги посети сите градови и региони, селата и голем број населени места каде директно ќе им ја објасниме на луѓето нашата стратегија и нашата политика за сите луѓе. ВМРО-ДПМНЕ ќе им објасни на луѓето како планира да ја крене економијата, да ја запре апатијата, да креира нови работни места. Ќе објасниме и како за здравството планираме фокусот да ни биде во докторите, а во земјоделието во земјоделците и создавање на подобри услови за нив, се наведува во соопштението на партијата.

Оттаму додаваат дека ќе стават фокус на образованието, и ќе се обврземе на квалитет. А во поглед на инфраструктурата планираме инвестиции и нови проекти.

-Време е да се стави крај на политиките на демагогии и празни флоскули кои во изминатиов период ги тера СДСМ. Време е за работа. Да ставиме крај на поделбите на СДСМ и Заев, на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Македонија за сите луѓе, посочуваат од партијата.