Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:

За фашистите Заев и Филипче постојат само вакцинираните, но не и оние кои прележале корона и ја поминаа голготата да преживеат.

Фашистите Заев и Филипче ја уништија македонската економија со нивните „антиковид” мерки. Власта со новите мерки предизвикува и економски колапс на малите бизниси, на угостителството.

За само 6 месеци згаснаа околу 5.000 фирми, а за една година под клуч се повеќе од 10.000 фирми.

ВМРО-ДПМНЕ апелира граѓаните да се вакцинираат за да се заштитат себеси од корона вирусот, но не може Заев и Филипче да вршат дискриминација.

ВМРО-ДПМНЕ апелира на почитување на протоколите, ама силно се противи на уништување на економијата и на цел сектор од неа, сектор од кој живеат македонските граѓани.

Политиките на Заев и Филипче водат кон сигурен пропаст на државата.