– Долгот надмина 7 милијарди евра, Заев успеа за 4 години да го зголеми долгот на државата за над 2.4 милијарди евра. СДСМ го презеде управувањето на државата со состојба на долг околу 4.8 милијарди евра, за 4 години направи нов долг од дополнителни 2.4 милијарди, со што долгот сега е 7.2 милијарди. Долгот денеска е 50% поголем од тоа што беше пред 4 години, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив Заев за 4 години направи долг со кој процентот на долгот од БДП изнесува фрапантни 62.5% и се ближи кон процентот со кој веќе државата ќе ја има под знак прашање способноста за редовно сервисирање.
– Проблемот не е само во долгот кој Заев го создал, туку дотолку повеќе во тоа што со позајмените пари нема направено ништо. Ниту еден проект, ниту една капитална инвестиција. Се позајми милијарда и рече дека ќе даде 850 милиони евра во мерки кон граѓаните и стопанството, а нема исплатено повеќе од 350 милиони евра. Ветуваше автопати, патишта, железници и што ли уште не, се задолжуваше без престан, а ништо од тоа што го вети не го реализира. 4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е, посочуваат од партијата.