-Хистеријата која Заев сака да ја предизвика е поради стравот дека во едно повторено судење за случајот со 27 Април може да излезат нови докази кои ќе фрлат нова светлина и нова вистина, а таа нова вистина е дека осудените сигурно не се терористи. Дополнително што за овој случај се појави и аудио материјал кој покажува дека главниот сведок на обвинителството е сериозно компромитиран.

На крајот на краиштата кога можеше да се повтори судењето за случајот Монструм во кој свирепо беа убиени 5 лица, зошто да не се повтори и судењето на овој случај.

Власта на Заев е длабоко загазена во криминал. Токму власта на Заев е закрилник на криминалот и светски мафијашки босови на кои им давала официјални македонски пасоши со украден идентитет. Токму власта на Заев шурува со нарко картели кои добиваат поддршка и помош од високи полициски функционери именувани од оваа власт. Затоа оваа криминогена група предводена од Заев од петни жили се обидува да ја спречи правдата и мора со нови манипулации да се спаси од одговорност. Но одговорност ќе има и правдата ќе излезе на виделина, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.