-По два случаи се донесени во земјава од Велика Британија и Германија, додека по еден случај од Чешка, Шпанија, Македонија и Пакистан. Случајот од Пакистан беше без клинички знаци, како дел од скрининг, во оваа група тестови која беше испратена во лабораторијата во Берлин. Овие случаи, предизвикаа семејни жаришта, што потврдува дека имаме висока инциденца на зараза, рече таа.
Според неа заразените се на возраст од 16 до 77 години, девет се хосптализирани.
Додаде дека од 21 заразено лице со Делта сојот, шест биле вакцинирани.
-Две од заразените лица биле вакцинирани во април во Велика Британја со Астра Зенека, две со една доза со Фајзер во Германија, два случаи се со две дози Коронавакс, рече Бино.
Преседателката на комитетот и заменик министерка за здравство Мира Ракацоли смета дека новата епидемиолошка состојба не наметнува други ограничувачки мерки освен постојнте, за кои смета дека ќе ја контролираат состојбата, посебно потенцирајќи дека останува и понатаму во сила полицскиот час од полноќ до 6 часот и мерката за задолжително носење заштитна маска во затворен простор.
Таа упати апел за поголема масовност за имнизација против опасниот вирус, просецо со кој го сега се опфатени над на милион 170 илјади.