Најмалку 13 лица се удавија во британските реки и езера во последните денови, обидувајќи се да се разладат од топлотниот бран, јавија локалните медиуми.

Во луѓето се удавиле додека пливале во реки и езера, а седум од жртвите биле тинејџери, изјави британскиот министер Кит Малтхаус во парламентот.

Лондонските пожарникари вчера го поминаа најтешкиот ден од Втората светска војна, бидејќи температурата достигна 40 степени Целзиусови, предизвикувајќи пожари кои уништија десетици домови во главниот град и запалија сува трева покрај железничките пруги и патишта. Најмалку 41 куќа се уништени во Лондон, а повеќе од десетина на други места во Велика Британија, рече Малтхаус.

Многу возови од Лондон до северна Англија денеска доцнеле или се откажани бидејќи топлината од пожарите ги прегреала шините и ја оштетила опремата за сигнализација и далноводите.