Во полициската акција „Армагедон“, на територијата на цела Србија, уапсени се поголема група педофили, сексуални предатори, кои го злоупотребувале интернетот и правеле злосторства врз девојчиња и момчиња и ги постигнале своите цели.
Меѓу жртвите има и деца на возраст од три до 14 години.
Акцијата ја спроведоа припадници на Дирекцијата за технологија, Службата за борба против високотехнолошкиот криминал, Министерството за внатрешни работи на Србија, во соработка со Обвинителството за високотехнолошки криминал.