Во четвртокот беше уапсен адвокатот Никос Антонијадис, кој е предводник на неформалното антиваксерско движење во земјата. Во меѓувреме тој беше пуштен на слобода, а за медиумите изјави дека апсењето нема да го смени неговиот став.

И во Италија е забележана слична реакција на полицијата, откако беше извршен претрес во становите на 17 луѓе, кои се идентификувани како сопственици на профилите на социјалните мрежи, кои ширеле лажни вести за вакцините.