Тој рече дека очекува заштитата да трае подолго отколку што беше случајот со двете дози.

„Следните ревакцинации тогаш може да бидат потребни само еднаш годишно, како вакцина против грип“, објасни тој.
Сахин рече дека заштитата од вакцината почнува да опаѓа од четвртиот месец.

Сепак, неодамнешните објавени студии покажаа дека заштитата од тежок облик на болеста е висока и до деветтиот месец.

„Бустер дозата одлично ги штити вакцинираните од болеста, но помага и да се спречи понатамошен ланец на инфекција“, вели Сахин.
Тој посочи дека тоа може да помогне во справувањето со пандемијата во текот на претстојната тешка зима.