Во полициска акција денеска на Одделот за криминалистичка полиција во координација со СВР Скопје-Единица за недозволена трговија, од слобода се лишени Т.Т.(32) од Скопје и А.Н.(30) од Охрид. При преглед извршен над нив, полициски службеници кај секого од нив пронашле и одзеле амфетамини, информира вечерва МВР.
За настанот Министерството извести дежурен јавен обвинител од ОЈО Скопје, а лицата се приведени во Полициска станица Кисела Вода.
По комплетно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело по чл. 215 од Кривичниот законик, се вели во соопштението на МВР.