Порталот пренесува дека меѓу случаите на реинфекција има заразени со различна возраст од 6 до 77 години, а најголем број од нив се над 30 години.
-За формата на болеста, дали се со потешка или полесна клиничка слика, не може да се дадат прецизни податоци, бидејќи податоците со кои располагаме врз база на направените анкети не се релевантни за целото времетраење на болеста. За девет лица имаме податок дека биле хоспитализирани, а за 44 дека биле на домашно лекување. Од вкупниот број 116 реинфекции, починале две лица на возраст од 63 и 77 години, вели д-р Кузмановска, пренесува СДК.МК
До денеска во Македонија се регистрирани 112.930 случаи на ковид-19.