Во инцидентот едно лице загина, а 11 се повредени, соопштија денеска локалните медиуми.
Гувернерот информира дека починатиот бил соработник на правосудните органи и се грижел за обезбедување на гласачките ливчиња.
Повредените веднаш се префрлени во болница, а според здравствените власти, неколкумина од нив се во сериозна здравствена состојба. Во спасувачките операции спасени се осум лица, а причината за несреќата се уште е непозната.