На 17 април 2025 година во 14:35 часот во СВР Охрид било пријавено дека во старата чаршија во Охрид, од М.Ј.(24) од Турција, женско лице одзело паричник со пари.
По преземени мерки од страна на полицијата, лицето набргу било пронајдено и утврдено е дека станува збор за С.О.(44) од Босна и Херцеговина, информира МВР.
Одземениот паричник бил пронајден и вратен на сопственичката, а по целосно документирање на случајот против осомничената ќе биде поднесена соодветна пријава.
