Најмалку 21 лице загина во поројните поплави во јужната иранска провинција Фарс, јавија иранските медиуми.
Градот Естахбан е особено погоден од екстремните временски услови, јави агенција ИРНА.
Две лица се уште се водат за исчезнати. На местото на настанот има 150 хуманитарни работници кои успеале да спасат неколку семејства.
Иранската метеоролошка служба најави дека очекува обилните дождови да продолжат да врнат во оваа покраина, па поплавите и понатаму ќе бидат закана за локалното население.