Претходно, од АМСМ информираа дека поради намалена видливост од пожар, од 16 часот во прекин е и патниот правец Кочани-Виница-Берово.

АМСМ, меѓу другото, известува дека на граничниот премин Табановце поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.