Русија е најзагрозената земја во Европа каде што рекордниот број смртни случаи е соборен четири пати во изминатите четири недели. Досега за еден ден починале најмногу 920 луѓе.

Од почетокот на епидемијата во Русија од Ковид-19 починаа вкупно 202.273 луѓе.

Меѓутоа, рускиот центар за статистика Ростат, кој ги следи бројките ретроактивно, соопшти дека тој број е поголем.