Повеќе од 730 лица се приведени на денешните протести во Русија против мобилизацијата, соопшти руското движење за заштита на човековите права ОВД-Инфо.

Според ОВД-Инфо има апсења во 32 града низ Русија, од Санкт Петербург до Сибир.

Апсењата се случија три дена откако рускиот претседател Владимир Путин најави делумна мобилизација.

Протестите се нелегални според рускиот закон, кој исто така забранува каква било активност, која се смета за клеветење на вооружените сили.

„Дали сакаш да бидеш како мене?“, пишувало на транспарент што го држела жена во инвалидска количка на протестот во Москва.