Властите во САД прогласија вонредна состојба во јавното здравство поради мајмунските сипаници.
Таквиот потег ќе ослободи средства за итни случаи и ќе укине некои бирократски пречки, јавија американските медиуми.
Објавата доаѓа повеќе од една недела откако Светската здравствена организација прогласи глобална здравствена вонредна состојба поради избувнувањето на тој вирус.
– Подготвени сме за наш одговор на следно ниво во справувањето со тој вирус и го повикуваме секој Американец сериозно да ги сфати мајмунските сипаници, нагласи секретарот за здравство, Ксавиер Бесера, на брифингот со новинарите.