Собирот тие го најавија за во 12 часот на плоштадот во центарот на Скопје.
Но за што точно овде се протестира и дали истата е за солидарност на палестинскиот народ или пак поддршка за терористичката организација Хамас?
Она што е интересно да се забележи е едностраното гледање на работите од страна на овој Социјален центар, каде спомнуваат само за жртвите на едната страна, а нема ниту збор за илјадниците ракети кои Палестинците ги испалија према Тел Авив, Ерусалим, Ашкелон и други големи градови во Израел, без притоа да целат каде ќе погодат. Нема ниту збор за цивилните жртви – Евреи во конфликтот и не се спомнува дека секој напад кој Израел го изврши кон Газа беше претходно најавен со цел цивилите да се евакуираат, а голем дел од жртвите се токму високи команданти на терористичката организација Хамас.
Како еден од доказите дека Израелските одбранбени сили ги најавуваат своите напади навремено со цел евакуација, е ова Твитер видео на кое се гледа како нападот над една кула во Газа е извршен со 100% ефикасност, а камерите се веќе наместени на позициите бидејќи знаеле каде точно Израелците ќе погодат.
Инаку, групата која ги изведува овие напади, Хамас, е означена за терористичка организација од Европската унија, Соединетите Американски Држави, Канада, Израел и Јапонија, додека земјите како Русија, Турција и Швајцарија ја третираат како политичка и воена организација.
Низ годините, тие имаат извршено стотици напади кои земале огромен број на цивилни жртви.
До денеска, Хамас истрела илјадници ракети кон населените места во Израел, а одбранбениот систем „Железна купола“ (Iron Dome) успеал да спречи над 90% од нив. Сепак, оние ракети кои погодија во населените места, ги земаа животите на најмалку 7 лица, убиено е едно 6-годишно дете, а повредени се над 300 цивили.
Конфликт секако дека не е посакуван, но секоја држава треба да има право да се одбрани себеси. Токму тоа и го прави Израел. Најголема активност од нивна страна е забележана кај противракетниот систем кој ги заштитува големите градови, додека сите напади кон Газа се насочени кон војници на Хамас кои патем се кријат во населени места и доаѓа до колатерална штета.
Секако, на сите проблеми со кои се соочува Македонија, од лошо менаџирање на ковид-кризата, до потфрлање на секое поле во економијата, проблеми во судството и со корупција нотирани од сите меѓународни фактори, некој се дрзнува да организира протест во поддршка на терористи кои вршат напади врз населени места и цивили.