Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека утре (18.03.2023) и во недела (19.03.2023), поради изведување на градежни работи, за сообраќај ќе биде затворена улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, и тоа во сабота со почеток од 08.00 часот до завршување на градежните работи и во недела во периодот од 07.00 до 19.00 часот.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.