ЈСП Скопје информира дека утре, четврток (6.01.2022 год – Бадник), задутре, петок (7.01.2022 год – Божиќ) и во сабота (8.01.2022 год), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, со исклучок на неколку линии, а дежурни ќе бидат три билетарници. Жичарницата ќе работи вообичаено.

РЕЖИМ НА ПРЕВОЗ
На 6, 7 и 8 јануари 2022 год, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, со исклучок на линиите 11, 11а, 18а, 32, 47а, 55, 55б, 56, 56а, 81, 118, 160 и 164 кои утре, четврток (6.01.2022 год) ќе возат по саботен возен ред.

РАБОТНО ВРЕМЕ БИЛЕТАРНИЦИ
Дежурни од 7 до 19 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и Зелен пазар, а отворена од 7 до 13 часот ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.

РАБОТНО ВРЕМЕ ЖИЧАРНИЦА
Жичарницата ќе работи вообичаено, односно од 10 до 17 часот.