Тој бил задолжен во делот на изготвувањето на техничката спецификација на тендерот, односно обвинителите се сомневаат дека ја направил да соодветствува со патентот на Рашковски.

Ова е втор хонорарец ангажиран од Рашковски во Владата кој е поврзан со случајот, откако претходно „360 Степени“ објави дека џипот што го вози eкс-генсекот е на име на еден од „тајните хонорарци“ во Владата, исто така осомничен во аферата.

Со тоа се исцртува кругот на засега четворица што ги осомничи обвинителството – Рашковски, ако се знае дека третото лице кое преостанува е Даниел Станчев, сопственикот на „Инвока груп“, фирмата-добитник на тендерот.

На двајцата хонорарци ангажманот им почнал во време додека на чело на Секретаријатот бил Драги Рашковски.