Во рамки на Програмата за Собраниска Поддршка, финансиски помогнат од Националниот демократски институт и Швајцарската агенција за развој се реализираше опремувањето на Собраниското ТВ студио.

Со цел да се означи официјалниот почеток на работата на ТВ студиото, на 13 декември 2023 година во 13:45 часот во Собранието на Република Северна Македонија раководството на Собранието предводено од претседателот Џафери свечено ќе го отвори Собраниското ТВ студио, во рамки на Собранискиот канал.

На свеченото отворање ќе бидат присутни Претседателот на Собранието, Талат Џафери, потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи, како и генералниот секретар на Собранието.

Со овој настан се заокружува Првата фаза од проектот за Собраниска Поддршка и започнува втората фаза од Проектот.